Местоположение
Пловдив
Currently, there is no weather information available.

Фотографот Гурко: Бугарките се екстравагантни, а Македонките лицемерни!

Източник: http://vistina.mk/?p=327468

Фотосесии, снимање на спотови, графички дизајн… Горан Хаџи Димов – Гурко повеќе од 10 години ја покажува својата креативност на повеќе полиња.

Иако има сосема поинакво образование животот го одведе во правец да заработува од тоа што најмногу го сака. Во својата работа тој има можност да ги реализира своите креативни идеи, а едновремено и да биде опкружен со убави жени.

За фотографијата и неговиот животен пат, Гурко проговори ексклузивно за Вистина.мк.

Имате дипломирано на Шумарскиот факултет отсек уредување на ентериер, но никогаш немате работено по струка. Како завршивте во сосема друга професија?

Додека студирав џепарлакот не ми беше доволен, па почнав да работам во една меѓународна фирма каде набргу дотуркав до директор на маркетинг. Позицијата ми дозволуваше да гледам како се снимаат рекламите за фирмата по најразлични продукции и локации низ Европа. Па така фотографијата  од хоби постепено ми преоѓаше во професија.

Gurko 02Колку време се занимавате со фотографија и дали во Македонија може да се живее од оваа професија?

Професионално со фотографија се занимавам повеќе од десет години, а најголемиот дел од времето талентот го трошам надвор од границите на Македонија. Кога ќе влезете во некој поголем маркет ќе видите дека за полесно да продадат некои скапи увозни шпагети со нив даваат и гратис кечап. Така е и со фотографијата кај нас. Кога ќе направам некому реклама или видео спот, на крај давам и гратис фотосесија. Или кратко кажано според мене не може пристојно да се живее од фотографија во Македонија.

H1a_MG_4270Колку Македонките се подготвени да се разголат пред фото објективот? Дали границите на провокација се различни некогаш и сега?

Македонките се убави, но лицемерни девојки. На нивните Фејсбук и Инстаграм профили можете до бескрај да се восхитувате на нивните облини, поставени храбро се со цел да собираат лајкови и срциња ама кога ќе им понудите професионална фотосесија веднаш стануваат експерти за етика. Како и да е, пред појавувањето на „лајковите“ професионалноста беше поголема.

H2a_MG_3611Дали девојките прават фотосесии само поради лична сатисфакција или сакаат да заработат на овој начин?

Па зарем мала сатисфакција е да заработуваш, хаха… Важно е сите да си најдеме начин како да уживаме во овој правец на уметноста.

Која е најлудата фотосесија што сте ја направиле досега?

Сопственикот на еден ресторан на мене и на пејачката ни вети дека ресторанот ќе биде заклучен за посетители за време на нашето снимање. Арно ама, од силината на рефлекторите не забележавме дека сопствеников не е баш човек од збор и дека едно половина час голата пејачка, освен за мене, позираше и за очите на уште десетина парови кои тивко си седеа околу своите маси и ја гледаа нашата претстава среде ресторанот.

H3a_MG_7659Која пејачка од македонската естрада би ја фотографирале во деловно опкружување, која во кујна, а која во џакузи?

Викторија Лоба би сакал да застане во деловно окружување. Елена Ристеска би сакал да ја видам во некоја ретро кујна размачкана со брашно, а бидејќи Рената Кралевска секогаш јавно ги потенцира своите атрибути мислам дека е измислена за една убава фотосесија во џакузи.

Имате работено спотови на пејачки од бугарската естрада. Каква е соработката со нив и колку се подготвени да ги поместуваат границите?

Бугарските пејачки се вистински професионалци. На снимање доаѓаат одморени, со сопствен шминкер, фризер, со стилист кој носи еден тон облека што дава шанса на снимањето се да изгледа совршено. Честопати се угледуваат на светските пејачки од типот на Лејди Гага и Ники Минаж, па затоа за нашиов менталитет се малку екстравагантни.

M1c_MG_7751bВеќе години наназад сте ангажирани како графички дизајнер на фестивалот МАРС. На кој начин ги избирате девојките кои ќе бидат ликот на оваа манифестација?

Политиката на Македонскиот Радиски Фестивал во поглед на девојките е да лансираме нови ликови во светот на модата и убавината. Во секој случај ние не сме модна агенција, но даваме шанса на млади и убави девојки, кои ако се паметни и знаат да ја искористат шансата, да можат после фестивалот да направат кариера. Имаме случај во кој една од девојките после фестивалот постигна успешна кариера во странство, а имаме и случај една од девојките да си фати момче, па очекуваме наскоро и да се омажи. Се разбира секој според своите амбиции.

Што е најголемиот успех на Гурко досега, а што најголемиот предизвик за иднината?

Па мислам дека музички спот за американска пејачка може да се каже дека е прилично голем успех за фотограф и режисер од Македонија. Наскоро ќе биде и промоцијата па тогаш ќе кажам и некој збор повеќе. Инаку се сметам себеси за уметник, па од иднината си очекувам ќеифови, а не предизвици …

H1bIMG_5822a

H1cMars 01

H2bIMG_0623

 

H2c_MG_4314bw

H3cIMG_7106

H4a_MG_9304a

 

H4b_MG_8797

H4c_MG_9313

M1b_MG_6076b

 

M1a_MG_1858

V1a_MG_3738

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

 

V1cMihaela 01

V2cJelenaS 1076b

H3b_MG_7751a

 

 

V2a_MG_2414a


Връзка с нас

Парк хотел FacebookTwitter park hotel PlovdivPinterest Park hotel PlovdivTrip advisor Park hotel plovdiv